Ковачевски: Мицкоски не побара лидерска средба за решавање на проблемите, туку со цел да се договори датум за избори
Димитар Ковачевски во вечерашното гостување во Тема на денот во Дневникот на Сител рече дека лидерската средба од страна на Христијан Мицкоски не беше побарана за решавање на проблемите, туку со цел како некаква уцена да се седне и да се договори датум за предвремени избори. Ние како владејачко мнозинство одговоривме дека имаме легитимна влада која успешно се справува со кризите и на која не ѝ се потребни избори.
Тој додаде дека Владата е стабилна и дека успешно се справува со сите предизвици предизвикани од здравствената, енергетската, како и кризата со растот на цените на светските берзи.
„Изборите се период кога замира економската активност и сите процеси се насочуваат кон организирање избори. Тоа ќе биде дополнителен товар за македонската економија кој не ѝ е потребен“ рече Ковачевски.
Премиерот додаде дека Владата од самото нејзино избирање сите важни одлуки ги носи преку дијалог со сите засегнати страни и дека опозицијата е повикана да учествува во сите важни процеси.
Ново на Сител
-
Ќе се испитуваат крв и урина од возачот на камионот
-
Снег во Словенија
-
Претреси во Кичево, пронајдена дрога
-
Мицкоски: Имам чувство дека состојбата во Украина ќе ја зголеми цената на струјата на берзите
-
Лекарот обвинет за смртта на Метју Пери, се изјасни за виновен
-
Утре и викендов повремен дожд, во сабота пообилни врнежи и силен ветер
-
Мицкоски: На ДУИ им посакувам опозициски денови во коишто ќе се реформираат
-
Двајца лекари и еден техничар загинаа во сообраќајката кај Прилеп