Македонија
22. May 2024 - 20:31

Ковачевски се повлече од претседателското место во СДСМ

Ковачевски поднесе поставка од лидерското место во СДСМ. Оставката како што информираат од неговата партија е поднесена попладнево директно на седница на Извршниот одбор, прва по изборите на 8 мај.  Ковачевски повлекувањето, како што образложил во своето обраќање, го прави као морален чин поради искличително лошите резултати на претседателските и парламентанрите избори.

ТЕЛОП КОВАЧЕВСКИ: На парламентарните и претседателските избори СДСМ доживеа пораз, со што му е зададен тежок удар, не само од граѓаните, туку и од симпатизерите, дел од сегашните, како и од доскорешни членови на партијата организирани во друг политички субјект, а стимулирани и од поранешни носители на високи партиски функции., рекол Ковачевски пред сопартијците.

Тој повикал и истовремено со него да се повлече и целокупнотот раковдство на партијата, бидејќи граѓаните со право се незадиовлни и не веруваат во ништо.

ТЕЛОП Корупцијата на секое ниво, личните интереси, долгата европска интеграција и изневерените очекувања на граѓаните, нискиот просечен раст на економијата во изминатите три декади, непотизмот, бизнис интересите, етничкиот професионализам, се само дел од крупните дефекти на системот, кој ја јаде и разорува државата и кој мора конечно да се промени. Таа промена треба да започне од СДСМ, порачал Ковачевски

Тој побарал и обновата на СДСМ  да започне веднаш и тоа на сите нивоа. При тоа советува тој процес на да биде долг, но не и брзоплет.

Ковачевски вели консолидацијата треба да се одвива во три чекори: враќање на идолошката матрица, длабока кадровска промена со вистински социјалдемократи  и реформа на организациската поставеност во партијата.

Пред Ковачевски, веднаш по изборите повлекување од раковдството најавија заменик-претседателката Лукаревска, како и потпретседателите Тренчевска, Битиќи и Перо Костадинов.

Седницата на извршниот одбор е прв чекор кон свикување на пост зборен Конгрес.