Ковачки го тужи Ковачевски
Како што ветив, денеска е поднесена Тужба за клевета против СДС и Димитар Ковачевски заради изнесени КЛЕВЕТИ и лаги против мене лично.
Од страна на СДС и нивниот трајно неспособен премиер за мене беше кажано дека сум дезертирал од АРМ, сум кодошел, сум продавал некакви тајни на странски служби, сум крадел документи, дека некој ми ги скинал еполетите од униформата и што ли уште не …
Станува збор за апсолутни невистини, напротив, токму обратно е.
Овие клевети со кои СДСМ се обидува да ми нанесе штета на личноста се обид за дефокус од вистината дека Македонија ја води трајно неспособен премиер кој одбил да ја брани својата држава.
Одговорност за лагите мора да има. Тоа што Ковачевски не може да избегне од фактот дека приложил документ дека е трајно неспособен, не му дава за право да лаже со цел да дефокусира од себе.
Се трајно неспособниот се гледаме на Суд.
*За навредите нема да тужам затоа што тие повеќе говорат за тој што ги кажува отколку за тој кон кого се упатени.
Драган Ковачки, ВМРО-ДПМНЕ
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-

Одбележување на 5 Maj - Денот на македонскиот јазик
-

Денес сончево и топло време
-

Собраниската Комисија за култура и туризам ќе одбележи 80 години од објавувањето на првата граматика на македонски јазик од Круме Кепески
-

Најмалку 21 загинат по експлозија во фабрика за огномет во Кина
-

Пожар избувна на неколку товарни бродови во иранското пристаниште Дајер
-

Вооружен маж отвори оган во близина на Белата куќа, осомничениот застрелан од Тајната служба
-

Сообраќајот се одвива непречено, на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања
-

Иран, првпат по примирјето, ги нападна ОАЕ
