-->
-->
Ковачки: ВМРО-ДПМНЕ е против францускиот предлог, ајде на избори, народот нека одлучи
-->
Димитар Ковачевски и Бујар Османи 6 месеци тајно преговарале за последниот предлог кој стигна во Бугарија и во Македонија. Со месеци е усогласуван предлогот за бугаризација на Македонија и за тоа амин има од Ковачевски и Османи.Владата прифатила во преговарачкиот процес државата да добие рамка со бугарски условувања, кои практично значат бугаризација на државата и асимилација на народот, доколку сакаме да влеземе во ЕУ. Предлогот задира во македонското уредување и удира во темелите на државноста.
Доколку Ковачевски е толку сигурен во предлогот што го преговарал и договорил, тогаш единствено исправно е тој да распише избори. На тие избори тој и СДСМ ќе го бранат предлогот за бугаризација и ќе сакаат негова имплементација, а ние ќе бидеме против. Па народот нека одлучи.
Изборите кои вака би биле распишани би биле референдумски избори, на кои граѓаните ќе имаат јасен избор, или се за предлогот за бугаризација на државата или против. Или со СДСМ државата ќе тоне, или со ВМРО-ДПМНЕ ќе ја застанеме државата на нозе.
ВМРО-ДПМНЕ тврди дека овој предлог е лош за Македонија, и не е заснован на никакви европски вредности.
Ковачевски има уште простор да се предомисли и изречно да го отфрли последниот предлог, без воопшто да преговара дополнително.
Овој предлог е неправеден кон Македонија, која 22 години е во чекалната на Унијата, од потпишувањето на Актот за стабилизација и асоцијација, до денеска.
На Македонија и треба европска перспектива, која ќе биде заснована на заемна почит, а не на омаловажување.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Македонија и Албанија ќе потпишат договор за воспоставување заеднички гранични премини
-

Со „Безбеден град” бројот на загинати во сообраќајот намален за 40 проценти
-

Месечниот број на издадени електронски услуги зголемен за 892 отсто
-

Следува нов топлотен бран, температури до 39 степени, од среда можно освежување
-

Политика: Цените во Србија се пониски од европскиот просек
-

Швајцарските глечери се топат со алармантна брзина поради топлотниот бран
-

Андоновски: Со „Везилка“ уште ова лето ќе се видат првите резултати од заштитата на македонскиот јазик во дигиталниот простор
-

Де ла Фуенте: Оваа Шпанија прима малку голови и знае како да постигне гол
