Loading Video...
Свет
24. March 2020 - 19:47

Ковид-19 присутен насекаде на планетата - над 370.000 заразени и 16.000 починати лица

Лек против маларија кој на своја рака го земал 60 годишен Американец како превенција против коронавирусот бил фатален за него, а во критична состојба е неговата жена. Трагедијата се случи откако американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека лекот против маларија може да помогне во борбата против корона вирусот... А им го препорачал на Њујорчани, држава која стана ново жариште. Една третина од заразените во САД се токолу од Њујорк. Трамп претходно во улога на доктор се стави и на твитер.

Дека и Трамп е исплашен од коронавирусот, покажува и ова видео, на кое се гледа како ја избегнува докторката, откако таа рече дека претходно имала блага треска.

Во меѓувреме, последните податоци на СЗО покажуваат речиси и да нема земја во светот која не е погодена од корона вирусот. Досега се заразиле повеќе од 370 000 луѓе, околу 16 000 починале, а излечени се над 102 000 лица. 2 милијарди луѓе се во изолација.

Ситуацијата и понатаму е критична во Италија. Се повеќе италијански лекари заболуваат. На помош, им дојдоа нивни колеги од Русија, Кина и Куба. И во второто европско жариште Шпанија, 12 проценти од заразените се доктори. И додека во Европа и САД  се шири вирусот, во Кина  животот почна да се враќа во нормала. Кинеските власти соопштија дека Вухан за две недели излегува од карантин.