Loading Video...
Тенис
26. August 2020 - 9:37
Крајиновиќ последен четвртфиналист на турнирот во Синсинати
Филип Крајиновиќ е последниот тенисер кој обезбеди пласман во четвттфиналето во Синсинати.
Србинот во два сека експресно со 6-2 и 6-1 го победи Мартон Фуцович од Унгарија и во четвртфиналето за противник ќе го има Милош Раониќ.
Канадскиот тенисер пак со идентични 6-2 и 6-2, го доби мечот со Британецот, Енди Мареј.
Меѓусебен дуел во четввртфиналето обезбедија и четвртиот носител, Стефанос Циципас, кој по два одиграни тај-брејка беше подобар од Џон Иснер, како и Рејли Опелка кој со 2-0 (6-3, 7-6) го совлада Италијанецот, Матео Беретини.
Вечерва на програмата се првите два четвртфинални мечеви во кои топ фаворитот Новак Ѓоковиќ за противбик ќе го има Германецот, Јан Ленард Стуф, додека (3-носител) Димитри Медведев ќе игра со Шпанецот, Роберто Баутиста Агут (8).
-
Игор Трпески
Сите содржини од овој новинар
-->
-->