Македонија
10. April 2016 - 14:00

Кражба во стан во Ѓорче Петров

Непознат сторител со употреба на алат, на 7 април годинава, насилно ја отворил балконската врата од стан лоциран на улицата „Социјалистичка Зора“ во Скопје и извршил тешка кражба.

Како што информира денеска МВР, од станот, сопственост на П.Т.(66), одземени се околу 250 евра. Потоа крадецот го напуштил местото на настанот, стекнувајќи се со противправна имотна корист од околу 15.000 денари.

Се превземаат мерки за целосно расчистување на случајот.