Кремљ не е информиран за забраната за влез на политичарите од Црна Гора
Портпарлот на Кремљ Дмитриј Песков изјави денеска дека не знае за наводната забрана за влез на црногорските политичари во Русија, меѓу кои е и премиерот Душко Марковиќ.
- Не. Не знам ништо за тоа, нагласи Песков.
Претходно, црногорскиот весник „Побједа“ во онлајн изданието, повикувајќи се на извори од црногорското Министерство за надворешни работи, наведе дека на руската црна листа се наоѓаат 70 лица, меѓу кои и поранешниот премиер Мило Ѓукановиќ, претседателот на собранието Иван Брајовиќ и уште 46 пратеници кои гласале за влез во НАТО.
Информациите на „Побједа“ официјално не се потврдени.
За разлика од Европската унија и САД, Русија не ја објавува црната листа на странците на кои им е забранет влез во земјата поради заштита на лични податоци, наведува ТАСС.
Ново на Сител
-
Граѓаните утре можат да пријавуваат повреда на избирачкото право на бесплатната телефонска линија 0800 54321
-
Цените на угостителски услуги во април зголемени за 2,5 проценти
-
Курти: Од четврток е можно заменување на српските со косовски регистерски таблички
-
Инфлацијата во април зголемена за 0,7 проценти во однос на март
-
Путин положи заклетва за новиот, петти по ред, претседателски мандат
-
Април годинава потопол од просечните многугодишни вредности
-
Вембањама прогласен за дебитант на годината во НБА
-
Вечерва ќе се одржи првото полуфинале на Евровизија