Кривична пријава против екс директорката на Агенцијата за филм и уште 8 лица - Буџетот на РМ оштетен за 38.221.176 денари
Секторот за внатрешни работи Скопје до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе кривичнa пријавa против лицата М.Ѓ.И. (46) од Скопје, Д.Б. (54) од Прилеп, И.Н. (34) од Велес, М.В. (32) од Штип, Д.Д. (47) од Скопје, И.Д. (42) од Скопје, Р.Ј. (39) од Прилеп, Г.Г. (42) од Скопје и С.Р. (36) од Тетово, поради постоење основи на сомнение дека во периодот од 2015 до 2017 година во својство на раководни лица и членови на управниот одбор на Агенцијата за филм на РМ, сториле кривично дело - “злоупотреба на службената положба и овластување“ предвидено и казниво по член 353 од КЗ на РМ, при што го оштетиле буџетот на РМ со вкупен износ од 38.221.716 денари.
Имено, Д.Б. во својство в.д. директор на Агенцијата за филм на РМ, во периодот од 2014 година до 2015 година и М.Ѓ.И., во својство на директор на Агенцијата за филм на РМ, во временскиот период од 2015 година до 2017 година, во повеќе наврати ја злоупотребиле својата службена положба и овластување на тој начин што, иако знaеле дека лицето В.Б., како член на филмскиот совет на Агенцијата за филм на РМ, законски неможе да учествува на конкурс на Агенцијата за добивање на парични средства, ниту да учествува во реализацијата на проект кој добил средства од Агенцијата, сепак со истиот - како управител или режисер на продуцентски куќи „Панк Филм“ ДООЕЛ и „Фокус Покус Филмс“ ДОО Скопје, склучиле договори за снимање на филмскиот проект „Слобода или смрт“ и долгометражните филмови „Амфитеатарот Скупи“ и „Пијавици“.
По незаконски спроведената постапка и склучените договори, Агенцијата за филм на РМ на продуцентските куќи им извршила исплата на парични средства во вкупен износ од 38.221.716 денари. Во извршување на кривичното дело учествувале и другите пријавени лица во својство на членови на Управниот одбор на Агенција за филм на РМ, кои иако знаеле дека постапките за доделување на парични средства за филмски проекти на продуценските куќи се незаконски, сепак ги одобриле спроведувањата на истите.
Ново на Сител
-
Работниците ширум Европа и Азија бараат поголеми работнички права на првомајските демонстрации
-
Почнува уписот на првачиња за учебната 2024/2025 година
-
Максим дебитираше во ВАКО-ПРО со победа
-
Извонредна организација на АФН-9 ВАКО-ПРО кик бокс настанот во Скопје
-
ДС: Само силен синдикат е гарант за работничките права
-
Притвор од 30 дена за жител на Сопиште, пронајдена дрога во неговиот дом
-
Ковачевски: Нека ни е честит 1 Мај, СДСМ секогаш била на страната на работниците
-
Мицкоски: Работничките права се прекршени, државата не води грижа за тие кои се р`бетот на економијата