-->
-->
Кривична пријава против кавадарчанка за трговија со дете во врска со случајот со штитеничката од „25 Мај“
-->
Кривична пријава за трговија со дете поднесе денеска Министерството за внатрешни работи против 42-годишна кавадарчанка, во врска со случајот со штитеничката од ЈУ за згрижување деца со воспитно-социјални проблеми „25-ти Мај“.Единицата за трговија со луѓе и криумчарење мигранти при Одделот за сериозен и организиран криминал на МВР до Основното јавно обвинителство за сузбивање организиран и сериозен криминал поднесе кривична пријава против М.Д. од Кавадарци поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело „трговија со дете“, согласно член 418 од Кривичниот законик.
Според документираните сознанија утврдено е дека пријавената во текот на декември минатата година и јануари оваа година го принудувало детето Р.И., да дава сексуални услуги на поголем број лица за одреден паричен надомест.
Исто така покрај сексуалната експлоатација, пријавената вршела и трудова експлоатација врз детето принудувајќи да питачи за неа.
М.Д. е задржана во полициска станица во Кисела Вода и во текот на денот ќе биде однесена за распит при Судија на претходна постапка од Основниот суд Скопје 1.
Претходно со поднесување кривична пријава за 11 одговорни и стручни лица од Центарот за социјална работа - Скопје за кривично дело „несовесно работење во служба“ и „запуштање на малолетно лице“ и со оставката на директорот на Домот „25 Мај“ полека почнува да се лоцира одговорноста за случајот со 13-годишната штитеничка од овoј дом.
Премиерот Зоран Заев на последната седница за пратенички прашања рече дека е поддржувач на максимална казна за ваквите појави, затоа што само така ќе се испрати пораката никогаш да не се повтори.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Јанчев: По три дена непрекината, макотрпна и пожртвувана работа, пожарот во село Раец е целосно изгаснат
-

Пад на цените на нафтата
-

Николоски: Македонија бележи рекорди во авио-сообраќајот, само во еден месец македонските аеродроми опслужиле над 460.000 патници
-

ЦУК: До 18 часот 14 пожари на отворен простор од кои само еден е активен
-

Косово бара од ЕУ да изврши притисок врз Србија за спроведување на Декларацијата за исчезнати лица
-

Тошковски: Водата во Гостивар сѐ уште не е безбедна за пиење, смее да се користи исклучиво како техничка
-

Двајца македонски државјани прогласени за непожелни во Албанија
-

Ѓорѓиевски: Парична помош за 456 онколошки пациенти во наредните два дена
