Кривична пријава за девет лица затекнати во незаконска сеча на дрва

Полицијата поднесе кривична пријава против девет лица поради сомнение за сторена „кражба“ бидејќи биле затекнати во незаконска сеча и дотур на дрва за огрев во шумски предел на местото викано „Кутуров дол“ во Кичево.
Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, СВР Охрид до ОЈО Кичево поднело кривична пријава против девет лица поради основано сомнение за сторено кривично дело „кражба”, а против две од овие лица е поднесена и кривична пријава за „спречување службено лице во вршење на службено дејствие”.
Сите девет лица, како што дополнуваат, се лишени од слобода и со кривичната пријава се предадени во ОЈО Кичево за понатамошна постапка.
- Вчера (08.09.2024), во координирана акција на Одделот за криминалистичка полиција, СВР Охрид и Одделот за специјални полициски операции-Единица за брзо распоредување, на територија на општина Кичево во место викано „Кутуров дол“ затекнати се лица во незаконска сеча и дотур на дрва за огрев во шумски предел, и покрај активната забрана за движење во шума, стои во соопштението од МВР.
Се дополнува дека лицата биле без соодветни дозволи и документација за сеча, дотур и превоз на огревни дрва.
- Од лицата се одземени мобилните телефони и предмети за кои се претпоставува дека ги користеле за извршување на кривичното дело, како и товарно моторно возило „ман” и џип „опел фронтера”, двете со кичевски регистарски ознаки, дополнуваат од МВР.
Воедно, соопштуваат и дека во месноста викана „Мала река“ биле лишени од слобода три лица и одземени два трактора со приколки и едно возило „цитроен џампер“, како и моторна пила и повеќе канистри за бензин.
Ново на Сител
-

Трамп ги нарече сојузниците „кукавици“: НАТО е „тигар од хартија“ без САД
-

Уапсени девет возачи за безобѕирно управување возило, шест од нив возеле без дозвола, меѓу кои и еден малолетник
-

Вучиќ: Србија не е опасност за регионот
-

ПМФЛ: Работнички го совлада Силекс, Тиквеш убедлив против Брера
-

ОЈО ГОКК бара притвор за директорот на Државниот инспекторат за земјоделство за примање поткуп од 50 000 евра
-

Почина легендарниот Чак Норис
-

Саудиски министер за надворешни работи: Го задржуваме правото да преземеме воена акција против Иран
-

Аксиос: САД размислуваат за заземање на иранскиот остров Харг за да го принудат Техеран повторно да ја отвори Ормуската Теснина
