-->
-->
Кривична за сопственик на угостителски објект во Дебар, работел после 18:00 часот
-->
Сопственик на угостителски објект во Дебар заработи кривина пријава поради постоење основано сомнение за сторено казниво дело „непостапување според здравствени прописи во време на епидемија“.
Според портпаролот на Секторот за внатрешни работи од Охрид, Стефан Димоски, Одделението за внатрешни работи-Дебар, поднесло кривична пријава против И.Ц.(52) од Дебар.
-При контрола извршена на 24 декември 2020 година, полициските службеници констатирале дека пријавениот, не ги почитувал одредбите за работно време на угостителските објекти и, во својот објект лоциран во месноста „Пијанец“ примал гости, не водејќи сметка за препораките за заштита на населението од вирусот Ковид, додава Димоски.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Пожарникари од Радовиш цела ноќ гаснеле опожарена дабова шума, пожарот се уште активен
-
Во Битола пронајдени 1408 пушки од балканските војни
-
Најстудено утрово во Лазарополе
-
Хоспитализирани уште три лица со голема кашлица, вкупно 631 заразени
-
Бостон прв финалист во НБА плејофот
-
Денеска ќе се одржи Конститутивна седница на парламентарниот состав 2024-2028
-
135 сообраќајни санкции во Скопје
-
Повеќе од 20 лица загинаа во големите бури во САД – 300 илјади луѓе останаа без струја