Кривопаланчани со мал број претставки до омбудсманот
Целосно отсуствува поднесувањето претставки од граѓаните на Крива Паланка до подрачната канцеларија на народниот правобранител кои се однесуваат на наплатата на радиодифузна такса.
-Ние како претставници на институцијата за заштита на правата на граѓаните секој последен четврток сме присутни во подрачната кацериларија во општина Крива Паланка, но досега во последните четири години интересот за пдонесување преставки по основ на наплата на радидифузна такса од кривопаланчани е многу мал. Добро би било да нема вакви случаи, но сепак доколку ги има граѓаните треба да ги пријават, а народниот правобранител да пристапи кон решавање на предметите, истакнува заменик народниoт правобранител Насер Вејсели.
Во ваквите случаи се укажува на Македонската радиотелевизија и тие реагираат согласно укажувањата.
-Дел од граѓаните не се запознаени дека од радидифузна такса се ослободенислепите и глувите лица кои треба да достават соодветна лекарска документација, како и лицата од социјално ранливи категории. Ослободени од радидифузна такса се и куќните совети, невладините и синдикалните организации, жителите на населени места што не се покриени со радидифузна мрежа. Со истиот Закон радидифузна такса плаќа секое семејно домаќинство, хотел – една такса на секои 5 соби, фирмите и сопствениците на деловен простор и останати јавни објеки, додава Вејсели.
Народниот правобранител во Крива Паланка има отворен ден со граѓаните секој последен четврток од месецот од 10 – 13 часот во салата на локалната самоуправа на општината.
Ново на Сител
-
Европската комисија повикува на почитување на Преспанскиот договор
-
Се одбележува 20 мај - Денот на пожарникарите
-
Стабилна состојба на работникот, кој се здоби со тешки повреди во лифт во штипски угостителски објект
-
Високиот крвен притисок причина број еден за смртни исходи
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Џевдет Хајредини
-
Таравари: ВРЕДИ во Владата ќе има 6 министерства и претседател на Собрание
-
Силјановска со културна дипломатија ги затоплува односите во Бугарија