Loading Video...
Свет
26. September 2022 - 16:34

Крвав напад во училиште во Русија - 13 мртви меѓу кои 7 деца

Во рускиот град Ижевск во училиштето број 88 училишната недела започна како во хорор филм. Поранешен ученик смртно застрела 13 лица, од кои седум се деца и шест возрасни, меѓу нив наставници и чувари. Бројот на ранети е 21 од кои 14 се деца. Прва мета на 34 годишниот Артем Казанцев, бил еден од стражарите, по што отворил оган во училишната зграда, а крвавиот поход напаѓачот го завршил со самоубиство на местото на злосторството.

„Напаѓачот изврши самоубиство. Утврдено е дека носел црна маица со нацистички симболи и балажа. Немал документи во него“, соопшти рускиот истражен комитет.

Напаѓачот бил вооружен со два пиштола и голема количина муниција а кој бил негоивот мотив не е познато. Портпаролот на Кремљ, Димитри Песков, делото го нарече терористички акт, а за убиецот изјави дека според сѐ, тој припаѓал на неофашистичка организација или група.

Во Русија утрово се случи уште еден инцидент со пукање, а во овој случај мотивот е делумната воена мобилзиаија што мината недела ја нареди Путин. 25 годишно момче кое денеска требало да биде мобилизирано за војната во Украина  со пушка  влегло во воена канцеларија за регутирање и пукал во шефот на воениот оддел во градот Уст Илимск. Го ранил во главата а дел од руските медиуми пренесоа дека военото лице починало во болница. Напаѓачот е уапсен.  Револтот против мобилизацијата на 300 000 резервести, Русите го изразуваат и со палање на регрутни центри, со протести, а дел од воено способните мажи бегаат и од земјата. По евидентираните бројни случаи на мобилизаиција на стари, болни или неискусни лица, како и студенти, Москва вети дека грешките ќе бидат поправени, бидејќи мобилизацијата треба да биде само на лица кои имаат воено искуство или потребни вештини.

Претседателот на Украина, ги повика Русите да се спротистават на мобилизацијата, а оние кои се веќе на фронтот да се предадат на вооружените сили на Украина во првата прилика. А на фронтот оружјето не мирува 214 дена. И покрај воените дејствија во четирите украински региони продолжува рефендумот за отцепување и припојување кон руската федерација. Властитите инсталирани од Русија во регионите Луганск, Доњецк, Запорожје и Херсон се пофалија дека бројката на излезност надминала 50 отсто. Рефендусмкото изјаснување ќе заврши утре .Покрај западните земји, резултатите од референдумот нема да ги признае ниту најблискиот сојузник на Русија, Казакстан.