КСС бара од пратениците да не го гласаат Законот за административни службеници

Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС) која минатата среда излезе на предупредувачки протест пред Владата, е разочарана од односот на Владата бидејќи, според нивни информации, во Собрание веќе е поднесен Предлог-законот за административни службеници по скратена постапка.
Ова законско решение, сметаат од КСС, е манипулативно бидејќи со него ќе се зголемат платите на вработените во јавниот сектор само по 100 до 200 денари. Ги повикуваат пратениците да не гласаат за овој закон и како што велат, да застанат на страната на работниците.
– Вчера дознавме дека Законот за административни службеници онака како што сакаат да го донесат, на еден понижувачки начин, е поднесен по скратена постапка во Собранието. Тој закон не носи ништо добро, само по 100 до 200 денари покачување на платите на вработените во јавниот сектор и со тоа продолжува манипулацијата, а кажавме дека решението е едноставно – тоа е членот 88 од сегашниот Закон, истакна претседателот на КСС Благоја Ралповски на денешната прес-конференција.
Незадоволството кај членството, рече Ралповски, е се поголемо и се бара радикализација на идните чекори што би се реализирала во скоро време.
КСС дава поддршка на Синдикатот на УПОЗ, кој утре и задутре организира двочасовен прекин на работата во управата и правосудството, но, како што вели Ралповски, не знаат дали членството да го повикаат на протест или штрајк.
– Го поддржуваме штрајкот на УПОЗ, но мораме да кажеме дека уште кога беше најавен, испративме допис до нив во кој ги поддржуваме заради обединување на работниците и заради истата цел – платите на вработените во јавниот сектор. Тоа беше на 1 април, но не добивме одговор. Вчера повторно испративме допис до Синдикатот на УПОЗ и побаравме да седнеме заеднички и да ни кажат дали е тоа протест или штрајк затоа што се одвива во работно време. Добивме одговор од една реченица – со оглед дека имале големи обврски дека не можат да се состанат со нас и дека не повикуваат на 7 и 8 април. За што да го повикаме, за кое барање? Дали на протест или на штрајк? Нека се изјаснат, рече Ралповски.
Ново на Сител
-

Приведен 43-годишник од велешко, затекнат е при обид да изврши кражба во црква
-

Кривична за 30-годишник од Скопје, ја следел неговата поранешна девојка до нејзиниот стан и упатувал закани кон неа
-

Муцунски: Заложник сме на една некоректна и непринципиелна блокада на нашиот европски пат, тоа е она што сакаме да им го објасниме на нашите колеги во Бугарија
-

Воздухопловниот ВИНГ го одбележа Денот на единицата со прелети на армиски и сојузнички воздухоплови | ФОТО
-

Ангелов: На ДЗС и се потребни поранешни припадници на полицијата, армијата и противпожарните единици
-

СП 2026: Норвежаните носат 300 килограми риба и познати готвачи
-

33-годишник со месеци силувал малолетничка додека престојувал во нивниот дом во светиниколско
-

Собранието ја констатира оставката на вицепремиерот Арбен Фетаи
