КСС: Платите во јавниот сектор да се усогласат со порастот на минималната плата
Конфедерацијата на слободни синдикати го поздравува зголемувањето на минималната плата, но бара усогласување со платите во јавниот сектор.
Според синдикатот, мора да се изврши усогласување на платите во јавниот сектор со порастот на минималната плата, бидејќи веќе сега има ситуации во кои е намалена разликата во платите што ја зимаат вработени на различни позиции во јавниот сектор. Со ваквото неусогласување, велат од Синдикатот, грубо се кршат колективните договори и им е нанесена штета на огромен број вработени во јавниот сектор.
-Во Законот за минимална плата, член 8, стои дека постојните колективни договори ќе се усогласат со овој закон најдоцна во рок од 6 месеци од стапувањето во сила на законот, рече претседателот на КСС, Благоја Ралповски на денешната прес-конференција.
Во дејноста детска заштита и образование има случаи кога вработени кои имаат различни бодови на плата земаат иста плата, бидејќи не е извршено усогласувањето на платите со зголемувањето на минималната плата.
– Ако Законот за минимална плата вели дека треба минималната плата да се усогласи со колективните договори, тоа мора да се направи. Еднаш засекогаш мора да се изнајде начин оваа урамниловка да се надмине. Решението е да бидеме поврзани со порастот на минималната плата, истакна претседателот на СОНК Јаким Неделков.
Ново на Сител
-
Уапсена 41-годишна жена од Битола поради кражба
-
Ја заклучил и тепал поранешната партнерка, си ги пресекла вените да се спаси а тој продолжил да ја тепа
-
Почина новинарот и публицист Теофил Панчиќ
-
Стабилно време со студени утра и во наредните денови
-
„Нашите планови ги срушија за миг“, емотивен текст на момчето на Фросина
-
57-годишен маж од кочанско загина во сообраќајка
-
Генерално чистење во општина Кисела Вода
-
Успешно родени 33 жаби-младенчиња од загрозен вид во Лондон