Кучиња трагачи се дресираат во Охрид
Се зголемува бројот на кучиња трагачи во Охрид. Дресерот Ефто Стојаноски од клубот Куче спасител кој е прв од ваков вид во државава вели дека во неколку наврати биле повикувани и учествувале во потраги по исчезнати лица.
Тој појаснува дека доволно е на кучето трагач да му се даде личен предмет од исчезнатиот, дали парче облека или обувка, и со помош на своите сетила добро истренирано куче можело да го следи трагот.
Порано имало повеќе случаи на исчезнати лица, а во 3 случаи токму Дикси и дресерот Стојаноски биле повикани да помогнат во претрагата.
Планот како што вели Стојаноски е во понатамошниот период да се зголемува тимот од водичи и кучиња трагачи со цел поефективно пронаоѓање на лицата по кои се трага.
Тој се надева дека институциите ќе ја препознаат потребата од функционален тим за трагање по исчезнати лица и ќе ја поддржат оваа приказна.
-
Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар