Македонија
6. July 2022 - 12:24

Кучињата скитници голем проблем во Струга

Состојбата со кучињата скитници ги крена на нозе стружани. Советниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ најавија дека на седницата закажана за 7 јули ќе поднесат предлог за итно решавање на проблемот со бездомните кучиња да се состави тим од стручни лица за нивна стерилизација и хуман третман.

Проблемот со кучињата скитници се провлекува години наназад граѓаните се загрижени за безбедноста од глутниците кои ги демнат секојдневно.

Изминативе дена во струшко регистрирани се повеќе напади, чопор од кучиња удавија стадо овци во село Мислешево а повредени беа и две малолетни деца и две жени кои завршија со во болница.