Македонија
26. February 2020 - 19:29

Кумановка починала додека се туширала

Вчера во 19.20 часот во СВР Куманово, од Итна медицинска помош било пријавено дека на ул.„521″ во населба Карпош била пронајдена почината В.П.(64).

По преземени мерки било утврдено дека починатата во 18.30 влегле во бањата да се тушира, а во 19.15 часот без знаци на живот ја пронашол нејзиниот син.

Лекар констатирал смрт без траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител телото на починатата било дадено на семејството.