Кузеска: ВМРО-ДПМНЕ и Левица блокираат, кочат, уназадуваат, СДСМ наоѓа решенија
Владата предводена од СДСМ изнајде начин да стави крај на блокадите и кочниците на ВМРО ДПМНЕ и Левица кои во Собранието блокираат закони кои се од интерес на граѓаните!
40 илјади граѓани кои во моментов се без лична карта ќе може да си го остварат своето право да си ги подигнат своите пари.
Истите овие граѓани на кои им истекла важноста на личните карти, токму поради синхронизираното блокирање на ВМРО ДПМНЕ и Левица за Законот за лични карти, беа спречени да си ги подигнат парите во банките и да вршат други трансакции.
Во соработка со Македонската банкарска асоцијација, Владата предводена од СДСМ, изнајде решение.
Имено, граѓаните кои немаат важечки лични карти за идентификување, ќе може да ги користат услугите на банките и штедилниците со пасоши. Исто така како важечки и доволни ќе бидат и потврдите од МВР за поднесено барање за издавање нова лична карта.
На овој начин се овозможува непречено користење на услугите.
Владата преводена од СДСМ работи и на изнаоѓање на системско, целосно решение и начин да го обезбедиме и уставно загарантираното право граѓаните да не бидат исклучени од избирачкиот список заради истек на личните карти.
Во соработка со Државната изборна комисија ќе се разгледаат законски можности за граѓаните со неважечки лични карти да можат да го остварат правото на глас, како основно демократско право.
Почитувани граѓани,
ВМРО ДПМНЕ и Левица блокираат, кочат, уназадуваат, Владата предводена од СДСМ наоѓа решенија.
На граѓаните не смеат да им бидат ускратени основните човекови права само поради партиските интереси на ВМРО ДПМНЕ и Левица кои ги тераат во Собранието.
Законите кои се гласаат во Собранието се во интерес на граѓаните и се Закони преку кои ги остваруваат своите права.
Блокадите се на штета на граѓаните и токму затоа пратениците од опозицијата треба да престанат и конечно да почнат да размислуваат и да работат во интерес на граѓаните.
Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ
Ново на Сител
-

Реставрирани уште две скапоцени дела од Бигорската ризница
-

По случувањата во Гостивар, министерот Клековски во посета на Општата болница
-

Повеќе од 100 куќи уништени во пожар во Норвешка
-

Иранската војска соопшти дека нападнала база за американски дронови и главен центар за ВИ во Бахреин
-

СП 2026: Франција и Англија ќе играат за третото место
-

Трамп: Канада е одговорна за пожарите кои им нанесуваат штета на САД, ќе им наплатиме преку царини
-

Американската војска почна нова серија напади врз Иран, соопшти ЦЕНТКОМ
-

Премиерот Мицкоски во посета на Општина Дебрца
