Loading Video...
Ракомет
2. May 2021 - 19:52

Квалификации за ЕП: Македонија ја совлада Швајцарија

Машката ракометна репрезентација на Македонија со победа ги заврши квалификациите за ЕП и само го потврди 7. пласман на континенталните собири откако ја совлада Швајцарија со 29-28.

Со 5 победи и само еден пораз нашата репрезентација го дели првото место со Данска а и денеска покажа дека смената на генерации тече успешно и беше совладан силен противник кој особено во првиот дел беше постојано во водство.  На полувремето беше израмнето 16-16 но од 40-тата минута бевме постојано во водство кое во финишот го зголемивме на 4-5 гола но на крајот дозволивме Швајцарија да обезбеди минимален пораз од 29-28.
Голманот Митревски имаше свој ден со 15 одбрани додека најефикасни беа Лазаров и Кузмановски со по 6 погодоци.