Квалификации за ЕП: Победи на Белгија и Хрватска
Тибо Куртоа сезоната сигурно нема да ја памети по добро, откако само одличниот напад на неговите соиграчи од белгиската репрезентација го „спаси“ од срам по „киксот“ на квалификацискиот меч за Евро 2020 против Русија, кој „ѓаволите“ го добија со 3:1.
Белгијците, третопласираната репрезентација на минатогодишното СП во Русија, дојде во водство во 14. минута преку Јан Тилеманс, но само минута подоцна, Куртоа во обид да ја извади топката од својот шестнаесетник ја додаде само до Денис Черишев, кој лесно го совлада. Сепак, тука беше Еден Азар, кој прво во 45. минута од белата точка го врати водството за Белгија, за во 88. Минута да стави печат на победата.
И второпласираната од СП во Русија, Хрватска се „тресеше“ на Максимир против аутсајдерот Азербејџан, пред да стигне до 2:1 победа. Рамил Шејдаев во 19. минута ја замолче домашната публика со одличен гол, но Борна Баришиќ во првото полувреме и Андреј Крамариќ во 79. минута донесоа победа за „коцкестите“.
Холанѓаните немаа вакви проблеми, и предводени од фантастичниот Мемфис Депај стигнаа до 4:0 победа над Белорусија. Депај постигна два гола, а асистираше на другите два на „Де кујп“ во Ротердам за совршен старт на квалификациите на тимот на Роналд Куман.
КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕВРО 2020
ГРУПА Ц
Холандија – Белорусија 4:0
Северна Ирска – Естонија 1:0
ГРУПА Е
Словачка – Унгарија 2:0
Хрватска – Азербејџан 2:1
ГРУПА Г
Австрија – Полска 0:1
Македонија – Летонија 3:1
Израел – Словенија 1:1
ГРУПА И
Белгија – Русија 3:1
Казахстан – Шкотска 3:0
Кипар – Сан Марино 5:0
Ново на Сител
-
Осум осомничени за престрелката во Чаир, полицијата се уште трага по три лица
-
Анчелоти ќе го финализира договорот доколку Реал Мадрид ја освои Ла Лига или Лигата на шампионите
-
27-годишен излета со мотоцикл на патот кон Табановце, тешко е повреден
-
Инспекторите во Струмица вчера казнија три лица за согорување отпад од електрични кабли
-
Пожар избувна во хотел во Лондон, евакуирани 100 луѓе
-
Зеленски: Дојде време да се формираат „европски вооружени сили“
-
На граничниот премин „Блаце“ уапсен Косовец - го барале од Интерпол
-
51-годишен маж тешко повреден откако со возило излетал надвор од пат