Loading Video...
Кошарка
19. јуни 2021 - 13:38

ЛА Клиперси во финале за кое Филаделфија и Атланта ќе играат мајсторка

 
Кошаркарите на ЛА Клиперс се вторите финалисти во западната конференција од НБА плејофот. 
 
Тимот од Лос Анџелес пред своите симпатизери го совлада составот на Јута „Џез“ со 131-119 и со 4:2 во победи ја доби полуфиналната пресметка. 
 
Во одсуство на Каваи Ленард, изненадувањето дојде од Трејс Ман кој средбата ја заврши со рекордни за него 39 поени, а улогата на лидер во тимот на „клиперси“ ја потврди Пол Џорџ со 28 поени, 9 скокови и 7 асистенции. 
 
Во фианалето на западот ЛА Клиперс ќе игра со Феникс кој со 4-0 во полуфиналето беше подобар од Денвер. 
 
А, кои две екипи ќе играат во финалето на Источната конференција ќе решаваат „мајсторките“. 
 
Екипата на Филаделфија славеше триумф на гостувањето кај Атланта со 104-99 со што го израмни резултатот на 3:3 во победи, па во решавачкиот меч закажан за понеделник наутро „76-ките“ ќе ја имаат предноста на домашниот терен. 
 
Иста ќе биде и ситуацијата ноќеска во вториот полуфинален дуел кој ќе решава за финалистот, а предноста на домашниот терен ќе ја имаат кошаркарите на Бруклин во пресметката број седум со Милвоки.