Фудбал
29. February 2020 - 10:56

Ла лига: Голема победа на Сосиедад

Фудбалерите на Реал Сосиедад синоќа со 1-0 славеа важна победа против екипата на Валјадолид во првиот меч од 26 коло во Ла Лига.

Благодарение на овој триумф, баскијската екипа се искачи на третата позиција на табелата.

Стрелец на единствениот гол на мечот беше Аднан Јанузај во 60 минута.

Сосиедад сега има 13 победи и собра 43 бода.

Валјадолид е 15-ти со 29 освоени бодови.