Loading Video...
Фудбал
3. October 2022 - 19:51

Лацио во последните минути спаси пораз од Македонија

Македонската аматерска репрезентација  во вториот дуел на Регионалниот куп во Италија одиграа 1-1 со селекцијата на  Лацио  која спасуваше пораз во последните моменти од средбата. 
Во Италија се игра  Регионалниот куп  на УЕФА во кој настапува и Аматерската селекција на Македонија која е во група со претставниците на Германија, Италија и Англија. 
По поразот во првиот меч од  Германскиот претставник Баварија со 2-0  во вториот натпревар избраниците на селекторот Жанко Савов одиграа многу подобро и беа на прагот на изненадување откако обезбедија водство во 71-та минута со голот на Андонов од пенал  кое домашните фудбалери успеаја да го анулираат во 94м со погодокот што го постигна Дамјани. 
Во вториот меч од групата  Англискиот претставник Џерси ја совлада Баварија со 2-1. 
Во последното коло Македонија игра токму против екипата на Џерси.