Ладна ве носи во Дизниленд, Париз: Започна детскиот ликовен конкурс на тема „Мојот необичен сон“

По 12-ти пат, Ладна го распиша детскиот ликовен конкурс за млади и креативни уметници. Овојпат темата е „Мојот необичен сон“, а главната награда е магично тридневно патување во Дизниленд, Париз.
И оваа година, конкурсот е поделен во две категории:
1) деца на возраст од 4 до 7 години;
2) деца на возраст од 7 до 10 години.
Испратените цртежи можат да бидат во било која форма, техника и големина. Цртежите ќе ги оценува тричлено стручно жири. Оценувањето ќе се одвива во две фази. Во првата фаза стручното жири ќе ги оценува сите прикачени цртежи и ќе направи потесен избор од истите. Еден од главните критериуми на жири комисијата при оценка на цртежите ќе биде нивната автентичност, при што секој цртеж ќе се оценува согласно возраста на детето.

Втората фаза на оценување ќе се одвива на локација во Скопје, а секое дете чиј цртеж влегол во втората фаза ќе мора лично да присуствува и да нацрта нов цртеж на темата. Тричлената стручна жири комисија ќе ги одбере добитниците на награди според нацртаните цртежи во втората фаза на оценување.
Наградите се резервирани за трите најдобри дела во секоја од двете категории, и тоа:
1 место – двајца добитници на патување во Дизниленд, Париз со родители/старатели
2 место – двајца добитници на годишен курс за цртање
3 место – двајца добитници на таблет за цртање
Цртежите заедно со личните податоци на детето (име и презиме, датум на раѓање, адреса и телефонски број на родителот/старателот) треба да се закачат на веб - страницата www.ladna.com.mk или да се испратат по електронски пат на e-mail адресата marketing@magroni.com.mk со наслов „За ликовен конкурс на Ladna“, или пак по пошта на адресата ул. Столтенбергова, бр. 2 Скопје, со назнака „За ликовен конкурс на Ladna“.
Делата треба да бидат испратени најдоцна до 06.05.2026. Напомена : Задолжително чувајте ги оригиналните цртежи испратени по електронски пат. Целта на ликовниот конкурс на Ладна е да ги мотивира децата да нурнат во својата фантазија и да ја разбудат својата креативност.
Цртањето претставува можност за децата да ги научат основите на уметноста и боите, притоа создавајќи светови обликувани од нивната фантазија.
Со среќа!
Комерцијален текст
Ново на Сител
-

Трамп тврди дека Иран е целосно поразен
-

Меѓународна конференција за институционалните и клиничките аспекти и решенија по пожарот во Кочани
-

Работнички протест на ССМ во Скопје со барање за минимална плата од 600 евра
-

Над 100 малолетници загинале во Либан поради војната додека раселувањето нагло расте
-

Во Кочани литургија и општ парастос за упокоените во пожарот во дискотеката „Пулс“
-

Најмалку 77 бродови поминале низ Ормускиот Теснец од почетокот на воените дејствија во регионот
-

Облачно со услови за повремен локален дожд
-

Еј-Би-Си: САД испраќаат 2.200 маринци на бродови кон Блискиот Исток
