Loading Video...
Балкан
14. March 2023 - 19:52

Лајчак: Ако нема ЗСО, нема да има ни договор помеѓу Србија и Косово

Формирањето на Заедницата на српски општини на Косово е главниот предуслов за спровдување на европскиот план за нормализација на односите помеѓу Србија и Косово истакна специјалниот пратеник на ЕУ за дијлогот Белград-Приштина Мирослав Лајчак.

- Ако нема Заедница на српки општини нема да има ни договор помеѓу Србија и Косово. Целта не е некој да победи или да загуби. Целта е да се бара вин-вин ситуација и да се отвори европската врата, вели Лајчак кој од вчера престојува во Белград.

Пред неколку дена Лајчак ја посети и Приштина. По средбата со европскиот дипломат, косовскиот премиер истакна дека ЕУ понудила 15 модели за формирање на Заедницата но Курти не сакаше да открие за какви модели станува збор. Рече само дека владата ги разгледува.