Лајчак денеска во Приштина, Курти ја потврди средбата
Посредникот на Европската унија во преговорите меѓу Косово и Србија, Мирослав Лајчак се очекува денеска да допатува во официјална посета на Косово, каде што, меѓу другото, ќе се сретне со лидерот на партијата Движење Самоопределување (ВВ), Албин Курти, јави дописникот на МИА од Приштина.
Иформацијата дека ќе се сретне со словачкиот дипломат ја потврди самиот Курти, кој се очекува да биде иден премиер на Косово, по убедливата победа на неговата партија на вонредните парламентарни избори на 14 февруари.
– Колку што ми е познато, во агендата ја имаме и средбата со Лајчак, така што можам да кажам дека ќе биде, изјави кратко лидерот на ВВ за РТВ Беса.
Курти по изборната победа, на која ВВ освои 47.85 отсто од гласовите, изјави дека за Владата што тој ќе ја формира дијалогот со Белград, иако е значајно прашање, нема да биде меѓу првите шест или седум приоритети. Подоцна рече дека сепак преговорите со Србија се четврти или петти приоритет, што беше поздравено од Брисел како охрабрувачка најава.
Лајчак ќе престојува во Косово до среда, 3 март, кога ќе отпатува за Белград, каде што е најавена средба со српскиот претседател Александар Вучиќ. Утредента, на 4 март, во рамки на мандатот и како претставник на ЕУ за земјите од Западен Балкан, ќе отпатува во Црна Гора, по што на 5 март ќе ја заврши посетата на трите земји од регионот.
Според соопштението од Канцеларијата на ЕУ во Приштина, Лајчак планира да се сретне со политичките лидери на трите партнери од Западен Балкан, како и со претставници на Унијата на терен.
Ново на Сител
-
Телефонски разговор Ципрас-Заев: Ја истакнале важноста на почитувањето на Договорот од Преспа
-
Жената носи живот | Мери Амбросова | Личен развој | Sitel Podcast 036
-
„Паркови и зеленило“: Немаме склучено договор со Владата за одржување на дворот на владиниот објект
-
„Европскиот фронт“ обвинува за обид преку ДИК да му бидат одземени еден до два пратенички мандати
-
ДИК прифати приговор на коалицијата „Влен“ за избирачкото место во Желино
-
Претепан вработен во казино од три лица на кои им бил забранет влезот
-
На сила го внел во возило и му украл накит и 2.500 евра - Кривична пријава за 40 годишник од Скопје
-
Тепачка во ресторан во Драчево