Лајен: Ова е историски момент во Европа

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лаејн, изјави дека со постигнатиот одговор за буџетскиот пакет на ЕУ од 1.824 милијарди евра за периодот од 2021 до 2027 година е направен голем чекор кон закрепнување.
– Европа сега има голема шанса да излезе посилна од кризата. Денеска направивме историски чекор со кој сите можеме да се гордееме, рече Фон дер Лајен.
Таа потенцира дека лидерите на ЕУ поминале „четири дена и четири ноќи“ во преговори за повеќегодишниот пакет за закрепнување.
– Разговаравме повеќе од деведесет часа, но вредеше. Овој договор е сигнал дека Европа е подготвена да дејствува. Луѓето често ја обвинуваат Европа дека прави премногу малку и предоцна, но ние покажавме дека всушност е сосема поинаку, рече Лајен.
Таа истакна дека ЕУ за само два месеци, што е, како што кажа, апсолутен рекорд во историјата на Унијата, успеа да воспостави нов буџетски инструмент како „Нова генерација Европа“ и да се договори за 1.824 милијарди евра финансирање за следните седум години, што претставува повеќе од 5 проценти од БДП на ЕУ27.
– Во моментов се наоѓаме во најтешка економска и здравствена криза, но без оглед на тоа, Европа успева да ја реши кризата на ефикасен начин и ја поврзува солидарноста со одговорност. Ова не е само излез од кризата, туку основа за модерна и одржлива Европа, рече фон дер Лајен.
Иако наведе дека со овој буџет европското закрепнување ќе биде зелено, дека ќе се забрза дигитализација и ќе се зајакнат националните реформи, Фон дер Лајен укажа и на фактот дека при постигнување компромис има намалување на средствата за одредени програми на ЕУ за здравство, заштита на климата, истражувања, но и за програма наменета за надворешна политика и соседство, од која е финансиран Инструментот за претпристапна помош .
– Тоа е за жалење и го намалува иновативниот дел од буџетот, иако 50 проценти од целиот буџет поддржува модерни политики, заклучи фон дер Лајен.
Таа истакна дека договорот на Европскиот совет сега мора да биде одобрен и од страна на Европскиот парламент, со цел да стапи во сила до крајот на оваа година.
Лидерите на ЕУ рано утрово постигнаа договор за планот за закрепнување и повеќегодишниот заеднички буџет од 1.824 милијарди евра, за периодот од 2021 до 2027 година.
Ново на Сител
-

680 килограми стебла канабис одземени од нелегална плантажа во струмичко
-

Приведен кумановец, во неговиот дом пронајден пиштол
-

При претрес во Скопје пронајдени дрога и фалсификувани банкноти
-

Засилени контроли - 75 прекршоци за непочитување на правилата за првенство на минување
-

Герасимовски: Финишираме со „Ленинова“, се реконструираат последните 250 метри од сообраќајницата
-

ЕУ во вториот квартал купила исти колични нафта, но ги платила 55,8% поскапо
-

Рози Мицкоска на приемот кај првата дама на САД, Меланија Трамп
-

Командант на НАТО тврди дека Путин станува сè поопасен и посклoн кон ризици околу војната во Украина
