-->
-->
Латас: Заштита на Заев не е можна според закон
-->

Уредникот и новинар Драган Павловиќ- Латас во својата најнова колумна пишува дека заштита на Заев не е можна според закон, затоа се менуваат законите и се создава неуставна институција. Се повторува истиот модел кој беше применет со СДСМ за Заев: се измислува специјално обвинителство и се носи на чело анонимен неквалификуван лик, како и Заев.
crveno-latas
Латас се осврнува и за капацитетот на специјалниот обвинител Катица Јанева.
–Како што ја ценат Геровски и Калајџиев, со капацитет кој не надминува обвинител за кражба на кокошки во Удово, или кршење чаши во казино Аполон. И не помина многу време за дилеми. Уште на старт Катица, донесена од никаде, се соживеа со улогата на амбасадорски измеќар на кој во Македонија никој ништо не му може, и побара вработувања за дури 124 луѓе, и буџет од 4 милиони евра годишно! Бара 30 бодигарди да ја чуваат... Ако е специјална, нека бидат специјални и парите за неа. Кој провинцијализам и искомплексираност е тоа човече, пишува Драган Павловиќ.
Тој директно и се обраќа со зборовите:
-Госпоѓо, ти си државен орган во Република Македонија, а не во Вирџинија. Од искуство да ти кажам дека тие на кои им измеќариш, ќе те употребат и фрлат како што стотици такви фрлија низ Балканов. А треба да се живее меѓу своите и понатаму. Можеби тие ќе ти дадат надомест, ќе те прослават и сликаат по нивните медиуми, ќе добиеш стипендии и проекти за децата во странство, и такви нешта но, се што имаш е овде, и се што е овде ќе те презира додека си жива ако планот кој го измеќариш – успее, пишува Латас.
На крајот Павловиќ вели дека исходот од сето ова со антиржавната политика на СДСМ ќе биде страдање за сите.- Ќе страдаме сите, и од ВМРО и од СДСМ,. Ќе ги снема покачувањата пензии, вработувањата, булеварите, субвенциите, новите болници... ќе ја снема оваа Македонија, пишува Латас.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Грир: Царините утре стапуваат во сила, паралелно со преговори со некои земји
-
Трамп најави можен договор со Јужна Кореја и чека Кина да се јави
-
Пад на руските приходи од нафта и гас
-
Американските берзи го отворија денот со раст
-
Донесени измените на Законот за средно образование
-
Зоолошка: Ламата која угина имаше туберкулоза, за оваа болест кај животните нема лек, ниту пак постои вакцина
-
По 7 години запуштеност, „Македонско село“ повторно ќе заживее!
-
Таравари: Секој кој се огрешил пред законите мора да понесе одговорност