Лажна пријава за поставена бомба пред Влада
Полицијата по денешна пријава за поставена бомба пред Владата на РМ утврди дека пријавата е лажна, а лицето кое ја пријавило информацијата до полицијата е приведено.
- Денеска (28.09.2021) во Скопје полициски службеници го приведоа И.М., кој во 10.32 часот во СВР Скопје телефонски пријавил дека при посетата на претседателката на ЕК Урсула фон дер Лајен ќе биде активирана експлозивна направа пред зградата на Владата, велат од МВР.
Од Министерството за внатрешни работи соопштуваат дека се преземени потребните мерки и активности и утврдено е дека пријавата е лажна.
Лицето кое ја пријавило ваквата информација во полиција е приведено и задржано во полициска станица по насоки на јавен обвинител, за натамошна постапка.
- Лажната пријава не влијае на посетата на претседателката на ЕК и активностите продолжуваат по планираната агенда, додаваат од МВР.
Ново на Сител
-
Ѓорги Божинов, генерален секретар во кабиентот на Сиљановска
-
Кривична пријава против тројца дилери на кокаин и марихуана
-
Екстрадиран Бесим Красниќи
-
Полуматуранти од Црна Гора го запалија училиштето | ВИДЕО
-
Мицотакис: Без почитување на Договорот од Преспа, патот кон Европа ќе остане затворен
-
Унгарија стави вето на резолуцијата на Советот на Европа за Украина
-
Бербок: На Украина и е потребно оружје со долг дострел
-
Работна средба на Стопанската комора со раководството на „Македонија 2025“