Фудбал
14. July 2017 - 14:21

ЛЕ: Корк Сити или АЕК (Ларнака) го чекаат Работнички во 3.рунда

Работнички ремизираше во првиот меч против Динамо 1:1, па шансите за пласман во третото коло ќе ги бара наредниот четврток во Минск.
 
Доколку „романтичарите“ го минат Динамо Минск во третата рунда за противник ќе го имаат Корк Сити (Ирска) или АЕК Ларнака (Кипар). Кипарскиот тим, во чии редови настапуваат Данијел Мојсов и Иван Тричковски, по првиот меч во Ирска има предност од 0:1.Првите натпревари од третото коло ќе се играат на 27 јули, а реваншите се на програмата на 3 август.