ЛЕ: Трофејот за Челзи
Лондонски Челси е шампионот во Лигата на Европа во сезоната 2018/2019.
Фудбалерите на Челзи го освоија трофејот во Лига Европа откако во финалниот меч на „Олимпискиот стадион“ во Баку, Азербејџан го торпедираа градскиот ривал Арсенал предводен од Шпанецот Унаи Емери со 4-1.
Првото полувреме на мечот не наговестуваше ваков расплет на настаните. Арсенал беше тимот кој имаше поголем посед на топката, упати повеќе удари кон противничкиот гол. Најсериозната прилика за водство „топчиите“ ја имаа во 29 минута кога Џака од далечина упати проектил кон голот на Кепа, но топката ја закачи пречката и отиде во гол-аут.
Првиот дел заврши без погодоци 0-0.
Затоа вториот дел донесе ефикасен, отворен фудбал во кој главната улога ја имаа „сините“.
Уште во 49 минута Челси дојде во предност. Емерсон упати прецизен центаршут, а Жиру со одличен удар со глава го совлада Петр Чех за водство од 1-0 за својот тим.
Овој резултат траеше до 60 минута кога Педро со прецизен удар од работ на шеснаесетникот го дуплираше водството 2-0.
Играчите на Челси тука не застанаа, продолжија да го тероризираат голот на збунетите противници.
Се играше 65 минута кога судијата Роки покажа на белата точка во корист на Челси. Педро имаше продор кон голот, ја протури топката до Жиру кој беше во позиција на шут. Врз него стартуваше Инсли Митланд – Нилс од зад грб и го собори во казнениот простор. Сигурен реализатор на пеналот беше Еден Азар за водство од 3-0.
Само три минути по влегувањето во игра на младиот Алекс Ивоби кај Арсенал, во 69 минута со одмерен удар од дваесетина метри постигнува гол за „топчиите“.
Само што добија „ветер“ играчите на Арсенал дека можат да дојдат до резултатски приклучок, Азар со својот втор гол во 72 минута, на асистенција на Жиру им ги урна сите надежи и го постави конечниот резултат на мечот Челси – Арсенал 4-1.
Овој трофеј е прв во тренерската кариера на Маурицио Сари, менаџерот на Челси, а втор за „сините“ по триумфот во 2013 година.
Ново на Сител
-
Демонстрантите во Нови Сад - 48 часа пред Градското собрание за да им се исполнат барањата
-
Нетанјаху го разреши министерот за одбрана Јоав Галант
-
Почна протест во Нови Сад, развиен транспарент - Виновни сте, ќе одговарате
-
Блокадата на пристапот кон депонијата кај Кочани продолжува, дел од барањата се исполнуваат
-
Две пријави за напад на ученици и еден за наставник во два одвоени случаи, поднесени во кумановската полиција
-
СЗО: Голема медицинска евакуација од Газа е планирана неделава
-
СВР Велес со детали за сообраќајката во која загина едно лице, а три се тешко повредени кај Рибарци
-
„Гледам момче бледо како крпа, ги нема нозете а нема крв“, потресна исповед на таксист кој помагал на повредените во несреќата во Нови Сад