Македонија
30. March 2020 - 17:10

Лекар од Струмица одбил да ги прегледа патниците сместени во „Цар Самоил“

Доктор од струмичката болница одбил да направи интернистичка анкета  со граѓаните кои синоќа беа донесени во групен карантин во хотелот Цар Самоил во Банско. За ова јавноста беше информирана преку социјалните мрежи од страна на директорот на болницата во Струмица,  Наќе Гогов. Тој на својот фејсбук профил објави вест во која наведува дека еден од лекарите ја одбил оваа задача.

„Од нашата болница од министерството беше побарано да се направи интернистичка анкета од специјалист доктор интернист – да бидат запишани сите хронични болести и лекарства кои ги земаат некои од граѓаните. Колеги кои најгласно заборуваа, се сликаа и кажуваа дека не се работи доволно, дека има пропусти, наоѓаа замерки и се претставуваа како медицински херои по интернет и слично одбија да ја направат интернистичката анкета која им е професионална задача. „За среќа има исклучок на колеги кои сериозно ја земаат работата и се издигнаа на ниво на задачата“,стои во дел од фејсбук статусот на објавен од директорот на струмичката болница.

Тој во телефонски разговор за Сител денеска ја потврди информацијата, но не сакаше да даде дополнителни информации. Рече, се што имало да каже за овој случај било напишано во неговата објава. Изјава не беше во можност да даде бидејќи бил на прегледи токму со лицата сместени во групниот карантин.  На прашањето дали и какви мерки ќе бидат преземени против лекарот рече дека за тоа дополнително ќе се одлучува.

Хотелот Цар Самоил во Бања Банско е еден од објектите во кој  во задолжителниот државен карантин ќе бидат сместени дел од македонските државјани кои  пристигаат од странство. Првата група беше донесена синоќа.