Loading Video...
Ф1
11. јуни 2022 - 18:03

Леклер со Ферари пред двата болиди на Ред Бул на стартот на утрешното Гранд-при на Азербејџан

Шарл Леклер ќе ја има пол-позиција на утрешната осма трка во Формула 1 шампионатот што ќе се возаи за Големата награда на Азербејџан. 
 
Возачот на Ферари денеска оствари најбрзо време на патеката низ улиците на Баку, па по шести пат сезонава ќе започне од првото стартно место. 
 
Веднаш зад Леклер ќе бидат двата болиди на Ред Бул и тоа Мексиканецот, Срерхио Перез кој ќе стартува од втората, односно актуелниот светскли шампион Макс Верстапен кој ќе започне од третата позиција. 
 
Вториот ред ќе го пополни вториот возач на Ферари, Карлос Сајнц. 
 
Во пресрет на утрешната трка чиј старт е закажан за 13 часот, лидер во генералниот пласман е Верстапен со 125 бодови, девет шпвеќе од Леклер кој е втор.