Ли допатува во Австралија
Премиерот на Кина, Ли Кечијанг денеска пристига во посета на Австралија. Тоа е прва посета на кинески премиер на Австралија во изминатите седум години и се очекува да го отвори патот за првото патување на претседателот Си Џинпинг во Австралија од 2014 година.
Ли на аеродромот во Аделаида беше пречекан од шефицата на австралиската дипломатија Пени Вонг.
За време на неговиот престој, Ли и австралискиот премиер Ентони Албанезе ќе копретседаваат со деветтиот годишен лидерски состанок и ќе присуствуваат на тркалезната маса на извршните директори на компании од Кина и Австралија.
Ли допатува во Австралија по неговата посета на Нов Зеланд, а потоа ќе отпатува за Малезија.
Ли вчера во Окленд истакна дека Кина е посветена на создавање на првокласна деловна средина и поддршка на странските претпријатија во земјата.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Мојата позиција за употребата на името е јасна
-
Поскапува мазутот, цените на бензините и дизелот остануваат исти
-
Бектеши: Усвоената листа на производи за спречување нефер трговски практики дополнително ќе ја намали инфлацијатa
-
Просечната плата во април 41.085 денари
-
Мерко седна во судница, вели дека не се чувствува виновен
-
Зголемена синдикалната кошница за јуни
-
Македонија во портокалова фаза
-
Посебен режим на сообраќај во Скопје на 21.06.2024 и 22.06.2024 (петок и сабота)