Бизнис
3. April 2020 - 16:41

Лицата кои поради корона кризата ќе останат без работа ќе добијат социјална помош

Сите граѓани кои ќе останат без работа  ќе добијат социјална помош - од 4,000 денари за  домаќинства со едно лице до максимални 10.000 денари за домаќинства со 5 возрасни членови.

Доколу има деца, ќе добијат  и додаток од 1,000 до 1,900 денари. Заменик министерот за труд Бајрактар очекува зголемена бројка баратели за помош во периодот кој следи, a за пребродување на кризниот период, најзагрозените семејства, ќе добијат и ваучер за енергенс во вредност од 1.000 денари.

„Предвидовме уште една мерка, постоечките корисници во системот на социјална заштита, ќе добијат дополнителна исплата на енергетски додаток за месеците април и мај. Тоа се околу 30.000 корисници кои ќе добијат износ од 1.000 денари плус, во април и мај“, нагласи заменик министерот за труд и социјална политика Бајрактар.

Ранливите категории граѓани кои имаат деца во основно и средно школо ќе продолжат да добиваат образовен надоместок.

„Затоа е многу значајно децата од семејствата без или со ниски приходи да добијат дополнителна поддршка. Владата донесе уредба за престанување на важење на условот за потврда за редовност за исплата на додатокот за образование за третиот  и четвртиот мерен период за учебната 2019/2020 година, со цел да го олесниме пристапот до овие права. Тоа значи дека исплата на образовен додаток ќе добијат околу 17.000 деца“, рече дополнителната заменик министерка за труд и социјална политика Шкријељ.

Од понеделник граѓаните ќе ги добијат  и неисплатените 3 надоместоци за туѓа нега, како и помошта за новородено дете.  Апликациите за родителски надоместок ќе се поднесуваат  и по 3 месеци по истекот на вонредната ситуација.Надлежните уверуваат дека за сега не се  разгледува опцијата  колективен одмор за сите вработени,како мерка за заштита од корона вирусот. Но Крзиниот штаб ја следи состојбата и мерките ќе ги креира согласно потребите.