Лига на нации: Једвај донесе радост за Хрватска

Актуелниот светски вице-шампион Хрватска успеа делумно да се одмазди на Шпанија за понижувачкиот 6:0 пораз во Лигата на нации, откако со гол во 93. минута со 3:2 ја сруши „Фуријата“ на преполниот „Максимир“.
Ова е прва победа за „коцкестите“ по Светското првенство во Русија, и доаѓа во вистински момент за тие да го задржат темпото со Англија, која сега има идентичен број на поени со нив.
„Коцкестите“ дојдоа во водство во 58. минута по грешката на одбраната на Шпанија, и Иван Перишиќ одлично го пронајде Андреј Крамариќ, и фудбалерот на Хофенхајм без мака го совлада Де Хеа. Само две минути подоцна Шпанија израмни преку Дани Себалјос, но Хрватска пак дојде во водство во 69. минута со голот на Тин Једвај.
Ново израмнување за Шпанија обезбеди капитенот Серхио Рамос од пенал во 78. минута, откако претходно Анте Ребиќ пропушти стоотстотна шанса, меѓутоа драмата остана во финишот на мечот, кога младиот Једвај го постигна својот втор гол за „делириум“ во Загреб.
Ново на Сител
-

Почина Владо Јаневски
-

Пет активни пожари на отворен простор, соопшти ЦУК
-

Путин: Русија минува низ тежок период, но ќе ги надмине сите закани
-

Уапсени 14 возачи за безобѕирно управување возило
-

СЗО: Над 1.300 луѓе починаа поради топлотниот бран во Европа
-

Осум пожари на отворено во текот на денов, три сè уште активни
-

Кривична за 42 годишна жена, ги оставала своите деца да спијат во нејзиното возило додека била на работа
-

ЈО: Насилна е смртта на жената од Таор, за убиството осомничен поранешниот сопруг
