Ликовна изложба на децата членови на ликовното студио во Ново Село

Во фоајето на Домот на Армијата во Струмица поставена е ликовна изложба на децата членови на ликовното студиот при Домот на културата „Јане Сандански“ од Ново Село. Станува збор за годишна изложба која е резултат на меѓуинституционалната соработка со Домот за деца и млади „Благој Јанков Мучето“ од Струмица.
- Во ликовното студио, членовите негуваат класичен тип на уметност, реалистичен со точно прецизни пропорции и анатомска прецизност на цртеж на објектот, без разлика дали се работи за набљудување на мртва природа, пејсаж или работа по репродукција од познати автори од различни средини. Изложбата ја сочинуваат 50 ликовни творби работени во различни техники, објаснува раководителката на проектот Светлана Мазгалоска Вучетиќ.
Целта на двете институции е да се негува и афирмира ликовната уметност во аматерски рамки со тенденција за проширување и професионализација.
Ново на Сител
-

Земјотрес со магнитуда од 6,9 повторно ја погоди Индонезија, втор силен потрес во еден ден
-

ПФЛ: Победи за Силекс и Шкендија Арачиново
-

Хју Хефнер го пријавувал Епстин во ФБИ уште во 2005 година
-

Лишено од слобода лице од Германија, возело со брзина од 203 километри на час на автопат
-

Земјотрес почувствуван во Гостивар и околината
-

Групна тепачка во Шуто Оризари поради присилно дрогирање со марихуана на малолетничка
-

Едно лице измамено во Делчево, штипјанец набавил од него 2.580 тони сливи и не му платил
-

Премиерот Мицкоски најавува три нови инвестиции оваа есен
