Ликовно-музички етно перформанс во Неготино
По повод Велигден, синоќа во Неготино се одржа голем ликовно-музички етно перформанс, во организација на Националната установа Центар за култура „Ацо Ѓорчев".
Директорката на Центарот Мирјана Јованова појасни дека станува збор за традиционална манифестација која за прв пат беше организирана на градскиот плоштад.
- На настанот учествува Културно-уметничкото друштво „Ацо Ѓорчев" кое работи во рамки на културната институција, со изведба на повеќе ора, како и танцовата формација „Зиг-зак" со неколку кореографии и обичаи за верскиот празник Велигден, изјави Јованова.
Етно перформансот беше во режија и кореографија на Даниела Ѓорѓиева Донческа, а фолклорниот настап во кореографија на Горан Трајков од културно уметничкото друштво. Солистички настап имаа и ученици од основните училишта.
- Дел од перформансот е и ликовна работилница. Децата од двете основни училишта и играорците изработуваа и декорираа велигденски јајца, додаде директорката на Центарот за култура.
Ново на Сител
-
ТикТок објави дека од утре ќе прекине со работа во САД
-
Израелската влада го одобри договорот за прекин на огнот со Хамас, стапува во сила утре
-
Најстудено во Берово, најмногу снег на Попова Шапка
-
Пријавени над 220 граѓани кои ќе се обидат да го фатат крстот во реката Вардар во Скопје
-
Светска банка ја ревидира прогнозата за раст на македонската економија
-
Премиерот Мицкоски заминува во САД на инаугурацијата на Доналд Трамп
-
Денеска е Водокрст - навечерие на Богојавление
-
Хрватскиот вицепремиер кој пукаше од возило поднесе оставка