Лишен од слобода сопственик на угостителски објект во Дебар заради непочитување на протоколите
Полициски службеници од надворешната канцеларија за криминалистички работи и Полициска станица Дебар, вчера во времето од 22 до 24 часот извршиле контроли во угостителски објекти во Дебар.
Контролите, како што изјави Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи од Охрид, биле извршени во содејство со инспектори од Државен пазарен инспекторат од Струга.
-При контролата е констатирано дека во угостителски објект лоциран на улица „8-ми септември“, сопственост на К.Р.(23) од Дебар, не биле почитувани одлуките за превентивни препораки, времени мерки и протоколи за постапување и заштита на населението од заразната болест Ковид-19. Сопственикот е лишен од слобода, а објектот е затворен со пломба, додаде Димоски.
Според него за случајот е запознат Јавен обвинител од ОЈО Дебар и по неговото документирање ќе биде поднесена кривична пријава, по член 206 од Кривичниот законик за „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија”.
Димоски исто така информираше во врска со почитувањето на мерката за носење заштитна маска на лицето. Во последните четири дена, вел тој, нема констатирано прекршок од овој вид, додека во овој месец издадени се 41 прекршочен платен налог за неносење маска.
Ново на Сител
-

Филипче повторно повика пратениците да ја потпишат декларацијата на СДСМ за мигрантите
-

Прегазено 4-годишно дете во Кичево
-

Дел од општина Аеродром без вода
-

Сиљановска-Давкова на средба со претставници на АЛДЕ, потврдена заложба за деблокирање на македонскиот евроинтегративен пат
-

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
-

Планирана замена на радарот на Меѓународниот аеродром Скопје | ВИДЕО
-

Зголемен број на случаи на депресија во Романија: Празниците се психолошки товар за осамените
-

Му го попречиле патот две возила, едно лице од нив со рачка од пиштолот му го оштетил ветробранското стакло
