Литургија по повод 25 години од востоличувањето на г.г Стефан за поглавар на МПЦ-ОА
Во Соборниот храм се одбележа четврт век откако е востоличен Архиепископот г.г Стефан за поглавар на МПЦ-ОА. Со литургијата чиноначалствуваше Поглаварот кој порача дека благодарение на се посилното монаштво од 5 архијереи сега по две ипол децении се 19мина со кои успеале заедно да ја одржат жива македонската црква. Потсети дека во изминатите 25 години црквата поминала низ тешки премрежја но не само што опстанала туку и успеале да застане рамноправно меѓу сите останати во православниот свет порача Архиепископот.
Ни овозможи пред две ипол години да го доибиеме она з ашто копнееле нашите предци .свеленскиот патријарх и порфириј препознаа дека МПЦ ОА е жива црква па светиот синод на вселенската патријаршија ја прими нашата црква а соборот на СПЦ ни додели томос за автокефалност.
Поглаварот за две ипол децении осветил повеќе од 70 храмови и манастири. Изминатите години црквата успеала да му обзнани на светот за многумина светители од нашата земја. Соборниот храм беше преполн а на литургијата присуствуваше и претседателката на државата. Оцени дека денешната силна позиција на црквата е благодарение на истрајноста и силната вера на македонскиот народ низ годините.
Оваа литургија беше и по повод празникот на сите македонски Светители со кој се одбележува историскиот настан на вториот црковен народен собор кога во 1958 година во света Софија е возобновена Охридската Архиепископија како Македонска Православна Црква.
-
Мирјана Давидовска
Сите содржини од овој новинар