Фудбал
2. December 2020 - 0:53

Ливерпул и Порто се пласираа во осминафиналето на ЛШ

По одигрувањето на натпреварите од 5.коло во првата половина од групите, екипите на Ливерпул и Порто им се приклучија на шестте тима кои веќе имаа обезбедено пласман во осминафиналето на Лигата на шампионите.
 
Со голот на 19-годишниот Куртис Џонс постигнат во 58.минута екипата на Ливерпул со 1-0 го победи Ајакс, со што го осигура првото место во Д групата во која Аталанта и Митјиланд одиграа 1-1, па во последното коло Ајакс и Аталанта во директен дуел ќе решаваат за вториот патник во осминафиналето од оваа група. 
 
На Порто доволен му беше и бод, па во дуелот против веќе пласианиот Манчестер Сити одигра без голови, додека во битката за третото мести и палсман во Лигата на Европа напролет, Олимпик Лион со два гола од пенал го совлада Олимпијакос со 2-1 иако грчкиот тим прв поведе.
 
Во А групата, иако Атлетико Мадрид имаше водство во дуелот против минхенски Баерн сепак мечот заврши без победник 1-1, а по победата на Салцбург на гости во Москва против Локомотив со 3-1, во последното коло шпанскиот тим со бод предност ќе гостува во Австрија.
 
Последното коло кое на програмата е наредната среда (9 декември) ќе решава за двајцата патничи во osminaфиналето од Б групата. Ова откако Шахтјор со 2-0 беше подобар од Реал, а Интер во Менхенгладбах ја победи Борусија со 3-2. Лидерот на табелата Борусија со бод повеќе ќе гостува во Мадрид кај Реал, а Интер кој заостанува два зад шпанскиот и украинскиот, односно три бодови зад германскиот тим, ќе биде домаќин на Шахтјор.
 
А група: 
ЛОКОМОТИВ М. - САЛЦБУРГ  1-3 и АТЛЕТИКО М. - БАЕРН М.  1-1
Табела:  *Баерн 13, Атлетико М. 6, Салцбург 4, Локомотив М. 3.
Последно коло: Салзбург – Атлетико М. и Баерн М. – Локомотив М. 
 
Б група:
ШАХТЈОР - РЕАЛ М.   2-0 и БОРУСИЈА М. - ИНТЕР  2-3
Табела:  Борусија М. 8, Шахтјор 7, Реал М. 7, Интер 5
 Последно коло: Интер – Шахтјор и Реал М. – Борусија М.
 
Ц група: 
ПОРТО - МАНЧЕСТЕР С.  0-0 и ОЛИМПИК МАРСЕЈ - ОЛИМПИЈАКОС  2-1
Табела:  *Манчестер С. 13, *Порто 10, Олимпијакос 3, Олимпик Марсеј 3.
Последно коло:  Олимпијакос – Порто и Манчестер С. – Олимпик Марсеј 
 
Д група: 
АТАЛАНТА - МИТЈИЛАНД  1-1 и ЛИВЕРПУЛ - АЈАКС  1-0
Табела:  *Ливерпул 12,  Аталанта 8, Ајакс 7, Митјиланд 1
Последно коло: Ајакс – Аталанта и Митјиланд – Ливерпул
 
Пласман во осминафиналето досега обезбедија: Баерн Минхен (А група), Манчестер Сити, Порто (Ц), Ливерпул (Д), Челзи, Севиља (Е), Барселона и Јувентус (Г).