Loading Video...
Фудбал
21. January 2022 - 0:59

Ливерпул закажа финале со Челзи во англискиот Лига Куп

Ливерпул е вториот патник во финалето на англискиот Лига Куп. 
 
Благодарение на двата гола на Португалецот, Диого Жота екипата на Ливерпул го победи Арсенал во Лондон со 2-0 во реван дуелот од полуфиналето. 
 
Првиот меч на „Енфилд“ заврши без голови па Ливерпул се пласира во финалето во кое за противик ќе го има Челзи кој во полуфиналната рунда на двапати беше подобар од Тотенхем. 
 
Така во финалето закажано за 27 февруари на „Вембли“ во Лондон за трофејот во Лига купот ќе се борат Ливерпул и Челзи