Loading Video...
Спорт плус
24. July 2021 - 19:44

ЛОИ 2020: Бранковски 21-ви, Деркоски 36-ти

Денеска на игрите во Токио настапија и првите спортисти од Македонија. Борјан Бранковски во стрелаштво и Филип Деркоски. Обајцата постигнаа добри лични резултати но останаа без позначаен пласман.  
Борјан Бранковски кој е македонски рекордер и повеќекратен државен првак настапи во дисциплината 10 метри воздушен пиштол   и успеа да постигне резултатот од 573 кругови со што го освои 21-то место во конкуренција на 36 натпреварувачи. 
Како што објави МОК  овој резултат претставува нов државен рекорд. 
Во оваа дисциплина златен медал освои Иранецот Џавад Форуги кој постави нов олимписки рекорд со 244,8 кругови. 
Втор на борилиштата се појави нашиот пливач Филип Деркоски кој во квалификациите исплива личен рекорд на патеката од 400 метри слободно но сепак заврши последен во конкуренција на 36 пливачи.  Дваесетгодишниот пливач од Македонија го подобри сопствениот рекорд за 75 стотинки.