Живот
4. јуни 2018 - 10:33

Локацијата беше мистерија до последен момент: 30.000 луѓе заедно вечераа во Париз облечени во бело

Парижани и туристи од глава до пети облечени во бело уживаа синоќа во гурмански пикник пред Палатата на инвалидите, со што е одбележана 30. годишнината од првата „вечера во бело“.

На вечерата традиционално и претходеше мистерија околу локацијата, која на учесниците им е откриена во последен момент во низата пораки.

Луѓето се собраа на зелените тревници со поглед на зградата со златна купола, во која се наоѓа гробот на Наполеон Бонапарта и другите истакнати француски личности.

Поставија маси и бели чаршафи, а пиеја шампањ и вино, пренесува АП.

Организаторите на вечерата очекувале меѓу 20.000 и 30.000 учесници, од кои третина од други земји.

„Вечерата во бело“ првпат е одржана во Париз во 1988 година.