Локализирани краците од пожарот во близина на село Долгаец, фрлени над 25 тони вода | ВИДЕО

Локализирани се краците од пожарот во близина на село Долгаец, во општина Долнени, додека во другите делови пожарот е се уште активен и се преземаат мерки за негово локализирање. Полицискиот хеликоптер Бел-412 ЕП до сега врз пожарот исфрли над 25 тони вода, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Од МВР посочуваат дека полицискиот хеликоптер постапува координирано со пожарникарите од Територијалната противпожарна единица.
- Денеска (15.09.2023) Одделот за воздухопловни единици на МВР по добиено барање од Центарот за управување со кризи за гасење на пожар кај селото Долгаец, општина Долнени, го упати хеликоптерот Бел-412ЕП и во координирано постапување со пожарникарите од Територијалната противпожарна единица, локализирани се краците од пожарот во близина на селото. Но, во другите делови пожарот е се уште активен и се преземаат мерки за негово локализирање. Хеликоптерот Бел-412 ЕП до сега врз пожарот исфрли над 25 тони вода, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Ново на Сител
-

Путин 4,5 часа одговараше на политички, но и на лични прашања
-

Милановиќ: Хрватска треба да го гледа својот интерес и да не се пука во Коалицијата на подготвените
-

Најмалку тројца загинати при нападот во Тајпеј
-

Сопственикот на TикТок во Кина ја предава мнозинската контрола врз апликацијата на американски инвеститори
-

Првообвинетиот за убиството на турскиот државјанин во Штип призна вина
-

За Бериша Парламентот не постои и најави штрајкови со глад
-

Затаен данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, истрага против две лица
-

Мицоски: Не сум човек што сака цензурирање или закани, за мене Македонија е свето име
