Локални избори во Италија

Во Италија денеска се одржуваат локални избори што претставува извесен тест за поддршката на граѓаните за партиите пред парламентарните избори што треба да се одржат најдоцна до следната пролет.
Околу девет милиони гласачи бираат градоначалници во повеќе од илјада градови ширум државата, а гласачките места ќе бидат отворени до 23 часот.
Во градовите со повеќе од 15.000 жители вториот круг е планиран за 25 јуни во случај никој да не освои мнозинство во првиот круг.
Иако тоа се последни пред парламентарните избори, аналитичари проценуваат дека поради локалните теми најверојатно не може да бидат сигурен знак за парламентарните избори. Во некои изборни трки големи партии се повлекле и одбрале да се приклучат во коалициски „граѓански листи“ наместо да истакнат сопствени кандидати.
Ново на Сител
-

Распишана централна и меѓународна потерница по Михаилова Ива
-

Казни од 500 до 1.500 евра за младите во Хрватска доколку не се јават на преглед за воен рок
-

Бугарскиот амбасадор повикан во МНР: Пpечекот на Ива Михајлова во Софија е провокација и ги подрива напорите за добрососедство
-

Вонредна ситуација на аеродромот во Нирнберг: Целосно запрен авиосообраќајот, ангажирани и борбени авиони
-

Клековски: Вакцинацијата против сезонски грип треба да почне од 16 до 25 октомври
-

Тошковски и Руф ја потврдија заложбата за продлабочување на македонско-австриската полициска соработка
-

Обвинителството бара притвор за Ива Михаилова
-

Бензините и дизелот остануваат со исти цени, поскапува само мазутот
