Loading Video...
Ракомет
12. October 2019 - 19:45

ЛШ: Кил му го нанесе првиот пораз на Вардар

Европскиот првак Вардар за првпат покажа немоќ оваа сезона во Лигата на шампионите и заслужено е поразен од германскито Кил со 31-20.

          Црвено-црните лошо го започнаа натпреварот и за 20 минути постигнаа само еден гол додека противникот даде 11.

          Единасет кобни минути за Вардар  дури да се постигне првиот гол а во продолжението македонскиот првак  направи задоцнето будење и со добра игра успеа да стигне до негатива од 6 погодоци.

          И тоа беше се на овој меч откако Германците почна со тактиката седум на шест што им ја  врати најголемата предност за убедлива победа на крајот.

          Тимур Дибиров со 5 погодоци беше најефикасен  во нашиот тим додека Кристопанс забележа 4.  Кај Кил се истакна Пекелер со 8 голови.

          Следниот натпревар на Вардар е во Унгарија против Веспрем.