-->
-->
ЛШ: Кире остана без финале
-->
Барселона ја оправда фаворитската улога против Нант и се пласираше во финалето во Лигата на шампионите. Во второто полу-финале на завршниот турнир во Келн, Барселона го победи 31:26 (15:13).
Барселона се врати во Келн, каде пред шест месеци не успеа во финалето против Кил, во нов обид да ја освои јубилејната десетта титула во Лигата на шампионите.
Избраниците на Чави Пасквал, заслужено го победија тимот во кој настапува Кирил Лазаров. Од почетокот до крајот предноста беше на страната на Барселона, но Нант во секој момент беа блиску. Најчесто Барса водеше со два или тро гола, а отпорот на Нант го скршија во 52.минута, кога со два брзи гола стекнаа шест гола предност. Нант два гола примија на празен гол, кога напаѓаа со седуммина.
Централни фигури на мечот беа голманита, Де варгас одбрани 16, анеговиот колега од Нант 13 удари. Лазаров мечот го заврши со два гола.
Утре од 18 часот, Барселона во финалето ќе игра против Алборг.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Мицкоски: Очекуваме поддршка од сите што се потпишани Гаши да биде претседател на Собранието
-
Димитриевски: Ќе го поддржиме Гаши за претседател на Собранието
-
Земјотрес регистриран во Скопје
-
Пожарникари од Радовиш цела ноќ гаснеле опожарена дабова шума, пожарот се уште активен
-
Во Битола пронајдени 1408 пушки од балканските војни
-
Најстудено утрово во Лазарополе
-
Хоспитализирани уште три лица со голема кашлица, вкупно 631 заразени
-
Бостон прв финалист во НБА плејофот